Top Sport

Јанис со моќен трипл-дабл ги запре Портланд (Видео)

Кошаркарите на Милвоки Бакс ги победија Портланд Трејлблејзерес 137:129, во еден од двата натпревари што се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Во вториот натпревар Њу Орлеанс Пеликанс славеа над Финикс Санс 124:121.

Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо од почетокот го контролираа натпреварот, водеа од првата минута, Портланд се обидоа во финишот, но не успеаја да се вратат во мечот.

„Грик Фрик“ Адетокумбо имаше лоша шутерска вечер, но ги наполни сите статистички колони со импресивни бројки. Гркот погоди девет од 27 шутеви, а мечот го заврши со 24 поени, 19 скока и 15 асистенции. Најефикасен во редовите на Милвоки Бакес беше Ерик Бледсо со 30 поени.

Двоцифрен број на поени кај Бакс постигнаа уште Пет Контан (18), Ди Виченцо (16), Весли Метјуз (12) и Брукл Лопез (10).

Портланд, како и на претходниот, играа без најдобриот играч Демијан Лилард. Во тимот беше Кармело Ентони кој одигра добра меч (18 поени, седум скока, четири асистенции).

Брилијантен меч за Портланд одигра Си-Џеј Мекалум (37 поени, шест скока, 10 асистенции).

Милвоки имаа скор 12/3 и се лидери на Истокот, додека Портланд со скор 5/11 се на 14 место на Западот.

Scroll to Top