Легендарниот англиски фудбалер Герет Бери на 40 годишна возраст реши да се пензионира. Бери во пензија замина како рекордер во Премиер лигата според бројот на настапи во најсилната англиска конкуренција. Во Премиер лигата одиграл 653 натпревари, 21 повеќе од уште една легенда, Рајан Гигс.
Најмногу натпревари во Премиер лигата одиграл за Астон Вила (365), 132 натпревари одиграл за Манчестер сити, а еден помалку за Евертон. Последниот клуб за кој настапувал во Премиер лигата е Вест Бромвич Албион (ВБА), одиграл 25 натпревари.
Минатото лето доби отказ во ВБА, меѓутоа тренерот Славен Билиќ го врати во тимот во октомври. Одигра шест натпревари за ВБА кој успеа да се врати во Премиер лигата.
Клубот не му понуди нов договор поради што реши да ја заврши кариерата.
Бери во англискиот фудбал освоил два трофеи,двата со Манчестер сити (2011 во Премиер лигата, 2012 во ФА купот).