Top Sport

Игуаин би размислил за враќање во Ривер Плата

Гонзало Игуаин вели дека е посветен на исполнувањето на договорот со Јувентус, но признава дека во иднина може да направи кам-бек во аргентинскиот Ривер Плата откако последните 12 години ги помина во европскиот фудбал.

31-годишниот ветеран играше во Реал Мадрид, Наполи, Милан, Челси и Јуве и се очекуваше дека изминатото лето ќе направи трансфер, но доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на „бјанконерите“ му даде шанса повторно да се бори за место во првиот тим.

„Засега останувам тука, имам договор кој планирам да го исполнам. Оваа година и следната. Но, не ја затварам вратата за Ривер. Тие имаат одличен тренер, Марсело Галјардо, со кој имам фантастични односи и фановите секогаш ме сакале, но сега размислувам на сегашноста. Се забавувам. Секогаш сум поврзан со Ривер, со фудбалерите и фановите“, вели Игуаин во интервју за „Фокс“.

Тој се фокусира на клупскиот фудбал, откако се повлече од аргентинската репрезентација и вели дека не планира да се предомисли.

Scroll to Top