Top Sport

Два прекрасни концепти за новиот „Сан Сиро“ (галерија+видео)

Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер ги објавија последните два дизајнерски концепти за новиот стадион, кој треба да го замени застарениот „Сан Сиро“.

Претседателот на Милан, Паоло Скарони уште во јуни објави дека новиот стадион со 60.000 седишта ќе биде изграден веднаш до легендарниот Сан Сиро, а денеска на презентација се покажаа двата потенцијални дизајни.

Дизајнот „Катедрала“ од компанијата „Популус“ црпи инспирација од славната катедрала Дуомо и во неа се вклучени концепти за оддржливост, собирање на дождовница, нула-емисии и соларни панели. Американската компанија „Популус“ претходно го дизајнираа новиот стадион на Тотенхем.

„Инспирацијата е од иконите на Милано, како Дуомо и Галерија. Сакаме да се вклопи традицијата, богатата култура и архитектура со модерни нови концепти“, изјави директорот на „Популус“, Крис Ли.

Вториот концепт е на компанијата „Спортиум“ со име „Прстените на Милано“. Слично како „Алијанц арената“ во Минхен, која ги менува боите според тоа дали играат Баерн Минхен или 1860 Минхен, новиот стадион би ги менувал боите за Интер и Милан.

Овој план вклучува стаклени облакодери во близината на стадионите и огромен фудбалски терен веднаш до стадионот.

„Фасадите се отворени како театар и боите можат да се менуваат – кога ќе играм Милан ќе биде црвен, кога ќе игра Интер ќе биде син. Секој прстен одбележува еден од клубовите, обединети.  Ова е стадион за жителите на Милано“, велат од „Спортиум“.

Проектот ќе чини над 1.2 милијарди евра и ќе придонесе за 3.500 нови вработувања во Милано.

Scroll to Top