Top Sport

Игуаин е мета на два клуба, од Аргентина и од САД!

Италијанските медиуми пишуваат дека аргентинскиот напаѓач од редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин се обидува од челниците на „Старата дама“ да добие дозвола уште некое време да остане во татковината, покрај болната мајка. Инаку, италијанските клубови ги повикаа фудбалерите до 4 мај да се вратат во клубовите за да почнат со тренинзи за продолжување на сезоната.

Информациите се дека искусниот 33-годишен напаѓач е мета на аргентинска Ривер Плата, каде и ја започна кариерата, но за неговите услуги е заинтересиран и ЛА Галакси.

Тренерот на американската екипа, Гилермо Барос Челото отворено зборуваше за желбата „Пипита“ да заигра во МЛС лигата.

„Тоа би било исполнување на соништат, кога би го донеле Игуаин. Тој е еден од најдобрите светски напаѓачи, но искрено тешко дека ќе го донесеме веднаш. Гледав интервју во кое тој вели дека сака да остане во Јувентус, затоа можеби е прерано да се зборува за негово доаѓање, но никогаш не вели никогаш“ – рече Челото.

Доколку не успее да остане во Европа, Игуаин лесно би можело да се случи да се врати во Ривер, од каде во 2007 за 12 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.

Scroll to Top