Top Sport

Игуаин ја напушта Италија

Гонзало Игуаин и Јувентус преговараат околу условите под кои ќе ја раскинат соработката. Новиот тренер на „страта дама“, Андреа Пирло, јасно му порачал на Аргентинецот дека неговите услуги нема да му бдат потребни во новата сезона.

Италијанските медиуми вчера тврдеа дека Игуаин кариерата ќе ја продолжи во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Братот на Игуаин, кој воедно е и негов менаџер, Николас, рекол дека нема конкретна понуда од ниту еден тим, само потврдил дека „Пипита“ ќе ја напушти Италија.

„Постои интерес од Франција, Англија, Шпанија, Кина и САД. Има многу понуди но ниту една не е таква за да ви се „стресат нозете’, изјавил за „Тутоспорт“ Николас Игуаин потврдувајќи дека неговиот брат нема да игра за Бока Јуниорс.

„Трпеливо ќе ги разгледаме понудите, засега сигурни се само две работи: Гонзало повеќе нема да игра во Италија и тој никогаш нема да заигра за Бока Јуниорс. Порасна во Ривер Плата, никогаш не би се преселил во редовите на големиот ривал“.

Scroll to Top