Top Sport

Игуаин ќе биде подготвен за „лутата“ пресметка со Јуве

Гонзало Игуаин се врати на тренинзи со Милан откако го пропушти мечевите со Удинезе минатиот викенд и Реал Бетис во четвртокот, и најверојатно ќе биде подготвен да стартува во дуелот против својот поранешен клуб Јувентус во недела.

„Диаволо“ имаат големи проблеми со повредите во овој дел од сезоната, откако во аут се Лукас Биља, Матија Калдара и Џек Бонавентура, додека Давиде Калабрија, Матео Музакио, Хакан Чалханоглу и Патрик Кутроне се неизвесни.

Според „Спорт Медиасет“, Пипита се вратил на тренинзи и првите вести се дека нема да има проблеми со повредата и ќе се бори за место во тимот за дуелот со Јувентус.

Игуаин немаше „најдобра“ разделба со Јуве, откако италијанскиот шампион го „истера“ од клубот за да направи место за Кристијано Роналдо. Аргентинецот не ја криеше разочараноста од однесувањето на „зебрите“.

Фото: ЕПА

Игуаин: Бев избркан од Јувентус

Scroll to Top