Top Sport

Игуаин: Бев избркан од Јувентус

Гонзало Игуаин во едно интервју открил дека одлуката да го напушти Јувентус не била негова туку на клубот. Тој потенцирал дека Милан го одбрал поради директорите Мадини и Леонардо, односно тренерот Гатузо.

„Од финалето на Купот на Италија имав чувство дека нешто е прекинато. Потоа тие го донесоа Роналдо. Одлуката да заминам не беше моја туку нивна. Многу му дадов на тој клуб, освоив многу трофеи. Никогаш не побарав да заминам од Јувентус, но буквално бев исфрлен од клубот. Кога дојде Кристијано ми рекоа дека треба да си одам и јас го одбрав Милан. Ми се допадна нивниот пристап и напорите што ги направија американските сопственици за да ја прифатам нивната понуда. Знам дека и Челси беа заинтересирани, но постоеше една голема разлика, тука сите сакаа да дојдам, а таму само тренерот Сари“, рекол Игуаин.

Аргентинецот проговорил и за неговиот трансфер од Наполи во Јувентус со кој го навлече гневот на целиот град.

„Немам ништо против Наполи. Де Лаурентис е лик со кого на крајот сите се караат. Лавеци замина на лош начин, исто така и Кавани, а на Сари му бараше замена додека тој се уште беше тренер. На мојот трансфер заработи 94 милиони евра. Сите имаат проблеми со него. За навивачите на Наполи не можам да кажам ништо лошо, тие беа прекрасни. Некогаш не сакаа, сега не. Но тоа е во ред. Еден ден ќе ја раскажам целата приказна“.

Во интервјуто, Игуаин рекол дека главна цел на Милан сезонава е пласман во Лигата на шампионите и трофеите во Купот на Италија и Лига Европа.

Scroll to Top