Top Sport

Игуаин ќе се сретне со Леонардо, но не сака во Милан

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин се двоуми околу можната позајмица на Милан, но утре ќе се сретне со новиот спортски директор на „росонерите“, Леонардо, јавува „Скај спорт Италија“.

Според ТВ-мрежата, Јувентус јасно му посочиле на Аргентинецот дека ќе му дозволат да се приклучи на Милан на позајмица за една сезона, со опција да остане на „Сан Сиро“ по крајот на сезоната.

Сепак, Пипита не е убеден дека може да има добра сезона со Милан, но очекува Леонардо да го убеди дека следната сезона ќе го остави во тимот. Милан би платил 20 милиони евра за договорот, а ако се согласи за трансфер, тој ќе стане најплатениот фудбалер на Милан.

Scroll to Top