Top Sport

Игуаин: Не постои подобaр клуб од Јуве!

Гонзало Игуаин инсистира дека „не може да биде во подобар клуб“ од Јувентус и дека сака да врати колку што тимот му дава.

Игуаин го постигна својот 21. гол оваа сезона во средата, со кој помогна Јувентус да стигне до 2:1 победа на гости кај Тотенхем и да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

„Што беше потребно за кам-бекот на Јуве? Душа и карактер, но пред сè срце. Верувавме дека можеме. Сите се чувствуваме важни во клубот и кога работите одат на лошо, тогаш се појавува тимскиот дух. Губевме, но Јуве никогаш не се предава. Уште сме во игра за три титули и целта е да ги освоиме сите. Тоа е Јуве“, вели Аргентинецот во интервју за „Марка“.

Тој признава дека е пресреќен да биде дел од италијанскиот шампион.

„Никогаш не го забораваме грбот на нашиот дрес. Дали сум среќен? Пресреќен и сакам да му вратам на Јуве колку што ми дадоа мене. Тука се прават чуда и среќен сум кога победуваме. Нема подобар клуб за мене“, додава Пипита.

Фото: ЕПА

Scroll to Top