Top Sport

Зидан: Тие што знаат фудбал, знаат колку е добар Бензема

Реал Мадрид можеби ги минаа Пари Сен-Жермен во дологочекуваната пресметка во осминафиналето на Лигата на шампионите, но тоа не значеше дека Карим Бензема ќе биде поштеден од критики во Шпанија, посебно откако не постигна гол.

Односите на Бензема со шпанскиот печат и со фановите на Реал Мадрид се „на климави нозе“ подолго време, но тренерот Зинедин Зидан има целосна доверба во својот француски сонародник.

„Не морам да кажувам дали критиките се фер или не. Мене ме интересира работата која тој ја завршува, и навистина сакав да даде гол бидејќи имаше шанси. Нема да убедувам никого. Има луѓе кои го знаат фудбалот и знаат колку Карим е добар играч. Секогаш има фудбалери кои луѓето ги сакаат или не ги сакаат. Карим е тука девет години и неговите резултати сами зборуваат. Тој е вистинскиот број 9 на Реал Мадрид“, вели Зидан.

Тренерот исто така зборуваше за уште еден играч кој е под постојани критики – Герет Бејл. Според Зидан, Бејл, кој веќе пет години е на „Сантијаго Бернабеу“ остаснува клучен дел од плановите на Мадрид и покрај неговите постојани повреди.

„На Герет не му недостасува ништо. Тој е дел од тимот полн со добри играчи и не стартуваше против ПСЖ, но тоа не е проблем. Нема проблем што е на клупата, и јас зборував со него и тој ја знае ситуацијата. За мене Герет е клучен играч, но има и други важни играчи“, додава Французинот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top