Гонзало Игуаин речиси сигурно во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Шпанскиот „Дон Балон“ тврди дека тој ќе се врати во Мадрид.
„Дон Балон“, медиум кој е познат по шпекулациите, објави дека деновиве Јувентус и Атлетико Мадрид ќе ги започнат преговорите околу трансферот на 32 годишниот напаѓач.
Игуаин во Атлетико би го заменил Диего Коста за кого интерес покажале неколку екипи од Кина, Рома односно турските великани Галатасарај и Фенербахче.
Доколку овој трансфер биде реализиран, а „Дон Балон“ пишува дека Јувентус ќе побара 25 милиони евра, тогаш Аргентинецот ќе направи уште едно фудбалски предавство.
Во минатото тој ги разгневи навивачите на Наполи кога се пресели во Јувентус, а сега бил подготвен како поранешен играч на Реал да заигра за Атлетико.
Игуаин во Реал мина шест години, до 2013 година и во тој период постигна 121 гол.