Гонзало Игуаин се врати во Јувентус, откако изминатите шест месеци ги мина како позајмен играч во Челси.
Аргентинецот минатото место замина на позајмица во Милан, но по само шест месеци, откако не ги исполни очекувањата, се пресели во Челси на чија клупа тогаш беше неговиот поранешен тренер од Наполи, Маурицио Сари.
Игуаин во синиот дрес одигра 18 натпревари во сите конкуренции и постигна пет гола. Со Челси ја освои титулата во Лига Европа.
Сепак тој не ги исполни очекувањата поради што челниците на клубот од „Стенфорд Бриџ“ решија да не го откупат неговиот договор.