Челси стигна до тешко извојувана 2:1 победа над фенерџијата Фулам, кои завчера го отпуштија Клаудио Раниери од тренерската позиција по катастрофалната низа.
Мечот имаше лудо прво полувреме, пред Гонзало Игуаин во 20-тата минута да го постигне првенецот во Премиер лигата, но само седум минути подоцна Калам Чејмберс израмни на 1:1. Трите поени за тимот на Маурицио Сари ги донесе неговиот „миленик“ Жоргињо во 31. минута од мечот по фантастичен удар од далеку.
Со победата, Челси останува на шестото место со 56 поени, но го заддржува темпото со петтопласираните Арсенал (57) и четвртопласираните Манчестер јунајтед (58). Фулам се на претпоследното 19-то место со 17 поени, десет поени зад безбедната зона.
Фото: ЕПА