Гонзало Игуаин ќе пристигне во Италија во текот на утрешниот ден, со што целиот тим на Јувентус ќе биде „собран“ за старт на тренинзи во јуни, јавуваат италијанските медиуми.
Фудбалерите кои си заминаа од Торино мораат да поминат низ 15-дневен карантин, по што ќе мора да имаат негативен тест на КОВИД-19. Кристијано Роналдо веќе е во карантин, а вчера попладне во Торино пристигна и Адриен Рабио и покрај шпекулациите дека „штрајкува“, а сега се враќа и Игуаин, кој остана подолго време во Аргентиа поради лични причини, односно да се грижи за неговата мајка, која боледува од рак.
Поголемиот дел од „бјанконерите“ ќе бидат подготвени за продолжување на групните тренизни од понеделник и вторник. Според „Ла газета дело спорт“, Сами Кедира и Блез Матуиди се вратиле во Италија на 6 мај, што значи дека следната недела ќе можат да тренираат, додека Бразилците Данило, Алекс Сандро и Даглас Коста ќе треба да почекаат уште една недела. Игуаин и Рабио ќе можат да почнат со тренинзи од 29 до 31 мај.