Новото засилување на Челси, Гонзало Игуаин во интервју за британскиот „Мирор“ призна дека бил блиску до повлекувае од фудбалот поради тешката болест на неговата мајка.
31-годишиот Аргентинец го комплетираше трансферот кај „сините“ од Милан, враќајќи се под палка на својот поранешен ментор Маурицио Сари, и открива дека во 2016 година бил блиску до фудбалска пензија откако дознал дека неговата мајка Ненси има сериозна болест, веднаш по поразот на Аргентина во финалето на Копа Америка од Чиле. Оттогаш неговата мајка целосно се опорави.
„Решив дека морам да престанам со фудбалот за да можам да се грижам за мојата мајка. Се сомневав дека нешто не е во ред во текот на Копа Америка, но кога ми ја кажаа вистината бев во шок. Се чувствував виновен бидејќи играв фудбал без да знам. Не бев заинтересиран за ништо друго освен за мајка ми и ѝ кажав дека завршив со фудбалот. Таа ми одговори дека кога ме гледа како играм е среќна и дека нема да ми дозволи да престанам. Моето семејство и моите пријатели се сè на овој свет, а фудбалот доаѓа потоа. Луѓето мораат да го сфатат тоа“, вели Игуаин.
Фото: ЕПА