Top Sport

Игуиан: Не можев да го видам Де Лаурентис, мора да се сoкрил

Гонзало Игуаин во петокот го реши дербито меѓу Наполи и Јувентус, со гол против својот поранешен тим, а последната изјава сигурно ќе го направи уште поомразен во Неапол.

По постигнатиот гол, аргентинскиот напаѓач како да бараше некого на трибините, и откри дека тоа бил Аурелио де Лаурентис, претседателот на тимот на Наполи, кој го нарече „предавник“ кога тој направи трансфер во тимот на Торино.

„Го барав на трибините по голот, но едноставно не го видов. Можеби се сокрил некаде“, изјави Игуаин.

Сепак, тој додаде дека секогаш ќе биде благодарен на клубот кој му даде голема шанса во Серија А.

„Колку и да ме навредуваат кога ќе доаѓам тука, тоа нема да го смени моето мислење за трите прекрасни години кои ги поминав во Наполи“, додаде Игуаин.

„Пипита“ ги крена Јувентус на „Сан Паоло“ (видео)

Scroll to Top