Напаѓачот на Интер, Муро Икарди, изминатите неколку недели се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, иако тој самиот неколку пати го дематираше тоа.
Икарди е прв стрелец во Серија А со 15 гола, а доколку до февруари постигне уште четири гола, тогаш ќе стане првиот играч во историјата кој постигнал троцифрен број на голови пред својот 25 роденден.
Добрата форма и откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра го препорачаа Икарди кај реал, чии напаѓачи од почетокот на сезоната пружаат лоши партии.
„Ќе останам овде до крајот на кариерата, секако доколку клубот тоа го сака“, изјавил 24-годишниот напаѓач.
Интересно таа изјава се спортивна со онаа на неговата сопруга Ванда Нара, која е негов менаџер и која неодамна изјави дека Икарди наскоро би можел да го смени клубот.