Top Sport

Србија наскоро ќе добие селектор

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Славиша Кокеза рекол дека наскоро репрезентацијата ќе добие селектор.

„Го чекам официјалниот предлог на спортскиот директор Буњевчевиќ и потоа на Извршниот одбор и потоа ќе ја донесеме конечната одлука“, изјавил за „Новости“, Кокеза.

ФСС спогодбено го раскина договорот со Славољуб Муслин кој со Србија избори пласман на СП во Русија. Србите во ноември играа две натпревари со Кина и Јужна Кореја, а селекцијата ја предводеше помошникот на Муслин, Младен Крстајиќ.

Србија на Мундијалот ќе игра во Е-групата со Бразил, Костарика и Швајцарија.

Scroll to Top