Top Sport

Икарди: Аргентина уште не го виде најдоброто од мене

Капитенот на Интер, Мауро Икарди ги отфрли сите критики на негова сметка и порача дека сака да им покаже на Аргентинците колку може да биде добар. 25-годишниот Икарди се враќа кај „албиселесте“ по подолга пауза и ги надмина проблемите со мускулите за да продолжи со тренинзите со репрезентацијата.

„Секогаш ќе бидам тука за Аргентина и сакам да поставам добар пример за помладите фудбалери. Тука сум да покажам што умеам. Селекторот Лионел Скалони ми покажува дека вредам за него и сакам да направам големи работи. Критиките ги оставам на минатото и сакам да ја покажам мојата најдобра страна“, изјави Икарди.

И покрај тоа што имаше постигнато 110 гола во 192 натпревари во Серија А, тој не беше повикан во аргентинската репрезентација за СП во Русија, наводно поради лошите односи со Лионел Меси.

„Не се прашувам зошто не бев во репрезентацијата, тоа беше одлука која ја направи селекторот. Страдав додека гледав од дома, но секогаш ќе бидам достапен кога ќе ме повикаат. Денеска се подготвени да ме критикуваат за сѐ, но подгорвен сум за тоа“, додава Икарди.

Фото: ЕПА

Scroll to Top