Top Sport

Оцвирк потпиша тригодишен договор со Вардар

Надежот на словенечкиот ракомет, 20-годишниот Грегор Оцвирк е нов ракометар на Вардар, откако потпиша договор со поранешните европски шампиони.

Договорот со најдобриот стрелец на последното младинско ЕП е потпишан на две години со можност за уште една. Оцвирк веќе утре ги почнува подготовките со клубот и е втор Словенец кај „црвено-црните“, по Сташ Скубе.

Тој игра на позицијата лев бек е дел од генерацијата што го освои златниот медал на последното ЕП во Словенија. Оцвирк постигна вкупно 57 гола и беше најдобра стрелец. На финалето на последното младинско ЕП, Оцвирк даде 11 гола на средбата со Франција. Беше и дел од Ол стар тимот на ЕП.

„Вардар продолжува да биде место каде ќе играат ракометари што во себе поседуваат големи квалитети. Оцвирк е играч за кој во иднина очекуваме многу да се слуша, и тоа пред сѐ позитивни работи. Веруваме дека неговата младост, талент и веќе докажан квалитет во комбинација со она што го има Вардар ќе биде добитна комбинација. Покажуваме дека работиме на создавање на тим што ќе ја продолжи победничката приказна на клубот. Веруваме дека заедно со Оцвирк ќе се радуваме на уште доста успеси“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Scroll to Top