Top Sport

Икарди: Би одбил повик од Реал

Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, ги демантира тврдењата на шпанските медиуми дека неговиот иден клуб ќе биде мадридски Реал.

Икарди е член на Интер од 2013 година кога на „Џузепе Меаца“ пристигна од Сампдорија. Овој 24-годишен напаѓач фудбалското образование го стекнал во прочуената академија на Барселона, „Ла Масија“.

„Никогаш никој не ме контактирал, а и кога би добил повик истиот би го одбил или воопшто не би се ни јавил. Едноставно тука нема за што да се зборува, сите знаат какви се моите чувства“, изјавил аргентинскиот напаѓач за „Скај спорт“.

Икарди има договоро со Интер до јуни 2021 година и откупна клаузула од 110 милиони евра.

Сепак, последниот збор во случај Реал да сака да ја плати откупната клаузула ќе го има неговата сопруга, која е и негов менаџер, Ванда Нара.

Scroll to Top