Top Sport

Икарди е слободен за 30.000.000 евра

Мауро Икарди се подготвува да го напушти ПСЖ во преодниот рок. Аргентинецот, покрај Меси, Мбапе и Нејмар, нема место во нападот на „светците“.

Тренерот Маурисио Покетино не смета сериозно на Икарди, а фудбалерот нема намера да седи на клупата за резерви. Единствена опција е да замине од клубот.

ПСЖ нема да му стојат на патот, но само под услов да се појави клуб кој ќе го откупи неговиот договор.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ би го пуштиле Икарди за сума од најмалку 30.000.000 евра. Ова е за 20.000.000 сумата која ПСЖ му ја платија на Интер за Аргентинецот.

Во овој момент само Јувентус покажува интерес за Икарди.

Scroll to Top