Интер го совлада Милан 1:0, во „Дерби дела Мадонина“, што се одигра во рамките на деветтото коло во Серија А. Капитенот на Интер, во 92.минута, ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Милан, Џиџи Донарума и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Играчите на двата тима што она го прикажаа на теренот им останаа должни на гледачите. Интер беше поактивен особено во првиот дел кога Весино кога топката по обидот на Весино заврши во дирекот.
Во првиот дел беа постигнати два гола, кои беа поништени поради офсајд. Голот на Икарди беше поништен во 13., а на Мусакио во 41.минута.
Решавачкиот момент на мечот се случи во самиот финиш, кога Весино центрираше од десната страна, Донарума лошо го процени летот на топката излета во празно, а Икарди ја зафати топата со глава и ја смести во празната мрежа.
Интер ја забележа седмата победа во низа, во сите натпреварувања. Во Серија А тимот на Лучано Спалети се наоѓа на третото место со 19 бода, два помалку од наполи и шест од лидерот Јувентус. Од друга страна Милан е 12. на табелата со исто толку бодови.