Top Sport

Кими и Ферстапен ја одложија промоцијата на Хамилтон

Возачот на Ферари Кими Раиконен победи на трката за Големата награда на САД. Финецот и второ пласиранот Макс Ферстапен од Ред Бул ја одложија промоцијата на Луис Хамилтон во старо-нов светски првак. Победата на Раиконен е прва за Ферари уште од трката за Големата награда на Белгија.

Раиконен стартуваше од втората позиција, но уште во првиот свиок го мина Хамилтон, го презеде првото место на кое се задржа до крајот. Победата на петката во Остин е прва по 113 трки за Раиконен. Претходно тој победи на трката во Австралија во 2013 година. Исто така со оваа победа Раиконен стана најуспешниот Финец во историјата на Формула 1. Тој сега има 21 победа, една повеќе од поранешниот светски првак Мика Хакинен.

Второто место му припадна на возачот на денот, Макс Ферстапен. Младиот Холанѓанец, поради проблемите во квалификациите, стартуваше од 18.место, а на крајот заврши како втор. На два круга до крајот Ферстапен успеа да се одбрани од нападите на Хамилтон.

Актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон, поради стратегијата, остана без подобар пласман. Единствен од водечките два пати ги менуваше гумите.

Зад најдобрите тројца трката ја заврши Себастијан Фетел. Германецот имаше пех во првиот круг кога по контактот со Даниел Рикардо од петтата падна на 12.позиција, а во последниот круг успеа да го мине возачот на Мерцедес Валтери Ботас.

Бодови во Остин освоија уште Хулкенберг, Саинц, Окон, Магнусен, Перез.

Хамилтон по трката во Тексас има 346 бода и во последните три трки влегува со 70 бода повеќе од Фетел. Кај конструкторите Мерцедес води со 563 бода, додека Ферари има 497.

Наредната трка се вози за една недела во Мексико сити.

Scroll to Top