Top Sport

Икарди и Ди Марија го „решија“ Лил, Нејмар, конечно се врати во игра (видео)

Пари Сен-Жермен ја забележа својата 11-та победа во 14-тото коло во француската Лига 1, откако рутински со 2:0 славеше над тимот на Лил.

Мауро Икарди ја продолжи голгетерската серија и го постигна својот 9-ти гол за ПСЖ (во сите натпреварувања) во 17. минута, додека Анхел ди Марија во 31. минута зголеми на 2:0, што на крајот беше конечен резултат.

За одбележување е и враќањето на Нејмар во составот на Пари Сен-Жермен, откако Бразилецот беше заменет од Килијан Мбапе во второто полувреме.

ПСЖ се убедливо први во Франција со 33 поени, дури 11 пред второпласираниот Марсеј, додека Лил се на седмото место со 19 поени.

Scroll to Top