Top Sport

Икарди и Интер застанаа зад Кулибали и против расизмот

Капитенот на Интер, Мауро Икарди застана зад Калиду Кулибали откако фудбалерот на Наполи беше мета на расистички напади во текот на мечот во средата во Серија А (кој Интер го доби со 1:0) и по кој шефовите на Серија А се заканија со прекин на лигата.

Кулибали доби црвен картон во мечот, добивајќи втор жолт картон за саркастичното аплаудирање на одлуката на судијата, но тоа и резултатот беа во сенка по расистичките извици кон Сенегалецот и на пресметките на навивачите кои оставија еден мртов човек зад нив.

Интер доби казна од два меча без навивачи, а Икарди му пружи поддршка на ривалот.

„Разочаран сум од тоа што се случи вчера на ’Сан Сиро’. Да кажеме големо СТОП на расизмот и дискриминацијата“, напиша Икарди на Инстаграм.

Со своја реакција се јави и Интер, клубот кој во 1908 година е основан како Интернационале по одвојувањето од Милан кои сакале да играат само со италијански и швајцарски фудбалери, и кој во основачките документи има порака за „браќата низ целиот свет“.

„Како реакција на случките на Интер-Наполи во средата навечер, клубот сака да посочи дека од 9 март 1908 година, Интер претставува интеграција и прогресивност. Ова се исто така карактеристики на историјата на Милано, град кој повикува на инклузивност и почитување. Со нашиот град ние се бориме за иднина без дискриминација и ги промовираме овие вредности кои секогаш биле гордост на клубот. Интер е претставуван во 29 земји во светот, од Камбоџа до Колумбија со илјадници деца кои работат во ’Интер кампус’ пректот. Затоа, денеска, уште еднаш мораме да посочиме дека секој кој не ја прифаќа и не ја разбира историјата на клубот, не е еден од нас“, напишаа од Интер.

Scroll to Top