Top Sport

Икарди и Наинголан се вишок во Интер

Мауро Икарди и Раџа Наинголан се фудбалерите на кои тренерот на Интер Антонио Конте нема да смета во новата сезона. Оваа информација ја потврдил и спортскиот директор на клубот Бепе Марота.

„Овие двајца не се во нашите планови. Тоа не значи дека се сомневаме во нивниот квалитет, сметаме дека Раџа и Икарди се одлични фудбалери. Разговаравме со нив. Ние сакаме да ги испочитуваме нашите обврски кон нив, но им објаснивме каков е ставот на клубот“, рекол Марота.

Однесувањето е во соблекувалната и надвор од теренот е она што му пречи на Конте кога се Наинголан и Икарди во прашање. Поради тоа тој не ги сака во својот тим.

Двајцата се на трансфер листата, но прашање е каде ќе завршат. Желбата на Икарди е да остане во Италија, тој најчесто се поврзува со Јувентус и Наполи. Кога е во прашање Наинголан засега нема никакви информации каде би можел да ја продолжи кариерата.

Scroll to Top