Top Sport

Фоњини: Проклети Англичани, би сакал да експлодира бомба овде (Видео)

Фабио Фоњини денес испадна од Вимблдон и и успеа да го навлече гневот на сите Англичани.

Италијанецот, поставен за 12 носител на Вимблдон, во три сета загуби од Американецот со необично име, Тенис Сандгрен 3/6, 6/7, 3/6. Меѓутоа, Фоњини од самиот старт бил незадоволен што организаторот неговиот меч одредил да се игра на теренот број 14.

Во еден момент темпераментиот Италијанец изнервиран од својата игра порачал.

„Дали е во ред да играме тука? Проклети Англичани, проклети. Би сакал бомба да експлодира во овој клуб. Бомба би требало да експлодира“.

Сигурно е дека Фоњини во иднина ќе биде најнепопуларната личност на Вимблдон.

Scroll to Top