Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди и неговата сопруга и агент, Ванда Нара се под истрага за „перење“ пари во Аргентина, објавуваат аргентинските медиуми.
Според „Оле“, по истрагата на Фернандо Мигез, шефот на независната „Асоцијација за јавно добро“, тој поднел пријава за нивното ракување со компанијата „Ворк маркетинг фудбал“. Тие наводно ја користеле компанијата за трансфер на пари за да избегнат плаќање на даноци на нивната заработувачка, за фудбалските договори на Икарди, но и за модната кариера на Ванда.
Икарди и Нара се во брак од 2014 година, откако таа претходно беше омажена за неговиот тогашен соиграч од Сампдорија, Макси Лопез. Минатиот месец двојката ги полнеше насловните страници на таблоидите по наводното неверство на Икарди и барањето за развод, пред тие јавно да се смират преку социјалните мрежи.
Mauro Icardi & Wanda Nara accused of corruption & money laundering following investigation in Argentina. https://t.co/oUMy9ty3lt
— Get French Football News (@GFFN) December 17, 2021