Рома и Монако имаат сериозни понуди за Мауро Икарди, но аргентинскиот напаѓач сака само трансфер во Јувентус и во спротивност е подготвен да чека една година со малку шанси дека тренерот на Интер, Антонио Конте ќе му даде место во тимот.
„Скај спорт Италија“ и „Калчомеркато“ вчера јавија дека Рома даваат убава понуда за Икарди, откако претходно не успеаја да го убедат Гонзало Игуаин од Јувентус да дојде во Рим, а желбата на Интер да го добие Един Џеко го прави договорот совршен за двата клуба. Рома наводно понудиле 8 милиони евра плата.
Но, „нераѕурите“ бараат 55-60 милиони евра за својот поранешен капитен, што значи дека „волчицата“ ќе треба да плати дополнителни 35 милиони евра, но главната пречка е тоа што Икарди сака само трансфер во Јувентус. Останува уште половина месец да се реши „мешаницата“.