Top Sport

Поранешниот НБА талент Телфер осуден на три и пол години затвор

Поранешниот НБА кошаркар, Себастијан Телфер доби затворска казна од три и пол години за нелегално поседување на оружје, откако неговото драматично обраќање пред судот во Бруклин не влијаеше на казната.

„Не ме одземајте од општеството сега. Имам 34 години, можам да одам да играм во Кина уште шест години и да се грижам за семејството“, изјави емотивно Телфер во судот.

Во 2017 година, Телфер бил сопрен со својот автомобил за возење без вклучени светла, а во неговиот автомобил полицијата пронашла три пиштоли, полуавтоматска пушка и многу муниција. Телфер тврди дека оружјето било негово и легално, но лиценцирано на Флорида, а не во Њујорк. Тој можеше да добие до 15 години затвор за овој прекршок.

Телфер беше сметан за еден од најголемите таленти, откако се појави на насловната страница на „Спортс илустрејтед“ во 2004 година, кога имаше само 19 години. Тој играше за осум клуба во НБА – Портланд, Бостон, Минесота, Торонто, Лос Анџелес клиперс, Феникс, Кливленд и Оклахома сити.

Scroll to Top