Top Sport

Икарди ќе го напушти Галатасарај

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.

Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.

Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.

Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.

За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');