Top Sport

„Икарди ќе остане во ПСЖ, тоа е поголем клуб од Интер“

Мауро Икарди ќе остане во Пари Сен Жермен, тврди неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара.

Аргентинецот во финишот на летниот преоден рок од Интер пристигна на позајмица во Париз. Во договорот на клубовите стои дека ПАЖ по завршувањето на сезоната можат да го откупат неговиот договор за сума од 70 милиони евра.

Икарди одлично се вклопи во составот на Томас Тухел, му го зеде местото во стартниот состав на Единсон Кавани, поради што челниците на клубот од Париз најавија дека имаат намера да го откупат неговиот договор во зимскиот преоден рок.

Медиумите шпекулираа дека Ванда Нара ќе тактизира и ќе чека понуди од Реал и Јувентус кои наводно покажувале сериозен интерес за Икарди.

„Мауро е среќен во Париз каде што постигнува некои луди голови. Важно е тој да биде среќен. Нема да се пресели во Јувентус наредната сезона. Го одбра ПСЖ за да не излезе дека е предавник. Кој го избрка од Интер? Не знам, но замина во поголем клуб. Среќен е во Париз“, рекла Ванда Нара.

Икарди сезонава има постигнато 13 голови на 16 одиграни натпревари за ПСЖ.

Scroll to Top