Top Sport

Мартинез ќе го суди „Ел класико“, Реал не го сакаат овој судија

Ла Лига го делегираше Хосе Санчез Мартинез за главен судија на дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое ќе се одигра в недела, на 28.октомври. Незадоволство од изборот на овој судија има во Мадрид, бидејќи во минатото немаа добри искуства кога тој им судел.

Токму Мартинез го судеше последнито дерби, кога во Мадрид, Барселона победи 3:0. На тој натпревар Мартинез, оправдано, му покажа црвен картон на десниот бек на Реал, Дани Карвахал.

Меѓутоа, Мартинез и пред тој дуел им покажувал црвени картони на фудбалерите на реал. Во 2016 година го исклучил Матео Ковачиќ на натпреварот со Валенсија. Она што им пречи на сите во Реал е што досега овој судија не исклучил ниту еден играч на Барселона.

Во Реал како да заборавиле дека миатата година, во Суперкупот, кога судел Мартинез, ја победиле Барселона 2:0.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал ќе се одигра в недела на „Ноу Камп“, со почеток во 16:15 часот.

Scroll to Top