Top Sport

Икарди најави останување: Интер е големо семејство

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди по сè решил да остане во Интер и покрај сите шпекулации кои траат предолго, велејќи дека „Интер е едно големо семејство“.

Капитенот на „нераѕурите“ има клаузула за раскин на договорот од 110 милиони евра, но таа вреди само за клубови надвор од Италија и истекува следната недела. При враќањето на тренинзите со клубот, аргентинскиот напаѓач даде интервју за официјалниот ТВ канал на Интер.

„По месец и пол на одмор, малку ми недостасуваше секојдневната работа. Има огромна желба да се почне добро новата сезона бидејќи ќе играме во Лигата на шампиони, што беше наша главна цел. Предсезоната ќе биде сосема поинаква оваа година, морам да ги пречекаме новите играчи и да направиме добар старт на лигата. Денеска им посакав добредојде на сите откако претходно ги поздравив или преку социјалните мрежи или преку телефон. Сакам да сфатат дека ние сме едно големо семејство“, вели Икарди.

Scroll to Top