Top Sport

Јао Минг веќе не е „вечен“ студент – дипломираше по седум години

Поранешната НБА суперѕвезда Јао Минг, конечно, официјално дипломираше. Јао студираше на „Џиао Тонг“ универзитетот во Шангај, добивајќи диплома по економија, откако започна со студиите во 2011 година.

37-годишниот ветеран зборуваше пред својот клас и се заблагодари на своите родители, но призна дека имал проблеми со математиката.

„Да цитирам еден разговор кој се случи на кошкарски терен пред 11 години: ’Ова ќе биде твојата лига некое време’. Верувајте, кога човек ќе помине седум години на универзитет за да дипломира на 38, знае за што зборува. Но, во одреден ден во иднината, мораш да се починиш кон иднината на општеството за да најдеш поголем простор за делување“, изјавил Јао.

Јао играше осум сезони во НБА, сите со Хјустон рокитс, и беше во Ол-стар тимот секоја сезона, но се повлече на само 31 година поради низата повреди на стапалото и скочниот зглоб.

Scroll to Top