Караницата на Мауро Икарди со Иван Перишиќ ги натерала челниците на Интер да му ја одземат капитенската лента на Аргентинецот, тврди новинарот Франко Ордине.
Причина за караницата било неодамнешното интервју на Ванда Нара, сопруга и менаџер на Икарди. Таа рекла дека Перишиќ има сериозни проблеми поради што побарал трансфер.
„Преговарам со Марота околу новиот договор за Мауро и можам да ви кажам дека како личност ми се допаѓа. Вистински е господин, искрен е. Сите слушнавме дека на тој начин ја коментирал и желбата на Перишиќ да замине од Интер. Сака да му помогне да замине, но мора да мисли и на иднината на Интер. Не знам, можеби желбата на Перишиќ за заминување е поттикната од некои лични проблеми“.
Оваа изјава го натерала Перишиќ остро да реагира кај Икарди.
„Кажи и на својата сопруга да дава изјави за мене на телевизија, дали тие ова јасно?“, наводно викал Перишиќ.
Бидејќи не е само Перишиќ тој што има проблем со Икарди, челниците решиле да му ја одземат капитенската лента. Веднаш потоа Интер објави и дека тој е отстранет од тимот и дека нема да биде вечерва со екипата во Виена, на натпреварот со Рапид во Лига Европа.