Top Sport

Спалети: Икарди го посрамоти Интер и затоа не е капитен

Тренерот на Интер, Лучано Спалети вели дека сагата околу Мауро Икарди и одземањето на капитенската лента го „посрамотил“ клубот пред мечот од Лига Европа против Рапид Виена.

На Икарди му беше одземена капитенската позиција откако реши да не отпатува со тимот во Австрија.

„Ќе го направиме тоа што е прикладно поради позицијата која е заземена. Ништо не е сменето од техничка страна на работите, но ние сме посрамотени и нема да го имаме утре за мечот со Рапид. Сепак, го имаме во тимот Лаутаро кој го покажа квалитетот против Парма, и тој ќе биде со нас во Австрија“, изјави Спалети на прес-конференцијата.

Сепак, новинарите сакаа да знаат нешто повеќе за случајот со Аргентинецот.

„Гледам дека вие новинарите сте заинтересирани за играта. Топката е топчеста, а теренот е правоаголен. Мораме да победиме и да се фокусираме на мечот. Во текот на неделата ќе зборуваме, но бидејќи Икарди нема да игра, размислуваме само на мечот“, вели Спалети.

Фото: ЕПА

Икарди повеќе не е капитен на Интер

Scroll to Top