Мауро Икарди ќе стане играч на Монако, каде ќе заработува 12 милиони евра годишно, тврди „РАИ“. Монако за за Аргентинецот ќе издвои 60 милиони евра, сума што ја нудеше и Наполи, но ИНтер не сакале да им го продадат напаѓачот на конкурентите во Серија А.
„РАИ“ тврди дека наредните неколку дена ќе бидат клучни за иднината на Аргентинецот, кој речи една година е во лоши односи со Интер. Пролемите на Икарди започнаа кога одби да го продолжи договорот со Интер.
Неговиот трансфер е една од најголемите саги на летниот преоден рок. Се редеа клубовите што беа заинтересирани за неговите услуги (Атлетико Мадрид, преку Тотенхем, ПСЖ, Наполи и Јувентус).
На крајот ќе заврши онаму каде што никој не очекуваше, во „малото кнежевство“, каде Леонардо Жардим се обидува да го врати Монако во врвот на францускиот фудбал.