Top Sport

Медведев го освои Синсинати

Рускиот тенисер Данил Медведев ја освои титулата на 6,05 милиони долари вредниот мастерс турнир во Синсинати.

Тенисерот од Москва во финалето го победи Белгиецот Давид Гофан со 7:6, 6:3. Мечот траеше 98 минути.

Медведев ја освои петтата титула во кариерата, прва од серијата 1.000.

Русиниот од денес ќе го има најдобриот ранкинг во кариерата, од осмото тој се искачи на петтото место.

За победата во Синсинати Медведев беше награден со 1,11 милиони долари.

Scroll to Top