Top Sport

Икарди потпиша тригодишен договор со Галатасарај

Турсискиот гигант Галатасарај и аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ја продолжија соработката откако на напаѓачот му истече позајмицата.

По завршувањето на позајмицата од Пари Сен Жермен, Галатасарај го откупи неговиот договор. Аргентинецот потпиша тригодишен договор со новиот клуб, а ПСЖ од неговата продажба заработи 10.000.000 евра.

Новиот тренер на „светците“, Луис Енрике го немаше во плановите 30. годишниот Икарди, додека Галатасарај во него гледа една од најважните фигури за следната сезона и одговор на најголемиот ривал Фенербахче, кој оваа летото донесе двајца врвни играчи, капитените на Србија и Босна и Херцеговина, Душан.Тадиќ и Един Џеко.

Икарди беше фантастичен минатата сезона за Галатасарај, одигра 26 натпревари и постигна 23 гола со што му помогна на својот тим да го освои турскиот шампионат.

Scroll to Top