Top Sport

Икарди повеќе не е капитен на Интер

Мауро Икарди повеќе не е капитен на Интер. Лентата во иднина ќе ја носи голманот Самир Хандановиќ, објави Интер на својот профил на „Твитер“.

Италијанските медиуми дека неуспехот во преговорите со Икарди е причината поради која клупските челици решиле да му ја одземат капитенската лената на Аргентинецот.

Интер со сопругата на Икарди, која воедно е и неговиот менаџер, Ванда Нара, неколку месеци преговара околу новиот договор.

Двете страни не можат да се договорат околу плата на фудбалерот, Ванда Нара не прифаќа помала плата од девет милиони евра на одишно ниво, за својот сопруг.

Икарди има 25 години, во Интер е од 2013 година, кога на „Џузепе Меаца“ пристигна од Сампдорија. Од друга страна Хандановиќ во Интер пристигна во 20102 година од Удинезе.

Scroll to Top