Top Sport

Икарди пред останување во Интер, сопругата Ванда го чита договорот

И покрај сите шпекулации дека капитенот Мауро Икарди е незадоволен во Интер и сака да замине, последната порака која ја прати неговата сопруга (и агент) Ванда Нара по сѐ изгледа значи дека Аргентинецот останува на „Сан Сиро“.

„Сега е 00.30 часот и уште го читам новиот договор“, напиша кратко Нара на Твитер, нешто што беше дочекано со воодушевување од фановите на „нераѕурите“.

Според италијанските медиуми, 25-годишниот Икарди би потпишал договор до 2023 година, со годишна плата од одлични 7 милиони евра.

Scroll to Top