Top Sport

Пејсерси продолжуваат да „газат“ (видео)

Тадеус Јанг имаше 26 поени и 10 скока за да ги предводи Индијана пејсерс до одлична гостинска 113:101 победа над Филаделфија, што е шеста победа во низа за клубот.

Бојан Богдановиќ додаде 18 поени, а Виктор Оладипо уфрли 14 во својот втор меч по повредата поради која паузираше 11 натпревари. Домантас Сабонис исто така беше одличен со 14 поени и 16 скока. За Сиксерси, Џоел Ембид беше фантастичен со 40 поени и 21 скок, но тоа не беше доволно за победа и клубот остана на 14-3 скор.

Шампионите Голден стејт го завршија мечот со 17:2 серија за да „избегаат“ со гостинска 125:130 победа над калифорниските ривали Сакраменто кингс. Кари имаше 35 поени, Кевин Дурент додаде 33 за Вориорс да се вратат по засрамувачкиот 113:93 пораз од Торонто дома во средата со втора тесна победа над Кингси.

Најдраматично беше во Шарлот, каде што Њујорк се врати од негатива од 21 поен за победа од 126:124 по продолжението. Емануел Мадиај постигна 34 поени, за кам-бек на њујорчани кои губеа со 72:53 на полувреме и со 93:78 пред последната четвртина.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Индијана 101:113

Сакраменто – Голден стејт 125:130

Шарлот – Њујорк 124:126 ОТ

Денвер – Оклахома сити 109:98

Кливленд – Милвоки 102:114

Торонто – Портланд 122:128

Мемфис – Мајами 97:100

Бостон – Атланта 129:108

Бруклин – Вашингтон 125:118

Scroll to Top