Top Sport

Икарди работи на новиот договор: Интер е мојот дом

Капитенот на Интер, аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ги уверува фановите на „нераѕурите“ дека работи на нов договор со италијанскиот гигант бидејќи „Интер е мојот дом“.

Аргентинецот има излезна клаузула во договорот од 110 милиони евра, која „важи“ само за странски клубови во првите две недели во јули, и клубот би сакал да ја отстрани таа клаузула и да му даде подобрен договор.

Околу неговиот нов договор имаше многу шпекулации, посебно дека неговата сопруга Ванда Нара, која исто така му е менаџер, бара невозможни работи од управата на клубот. Икарди вели дека нема опасност од заминување.

„Среќен сум тука. Имаше контакти со други клубови, но решив да останам тука за доброто на моето семејство. Ова е мојот дом, не можам да си заминам. Сонував да играме во Лигата на шампионите и го направивме тоа. Не знам дали ќе го обновиме договорот пред Божиќ, но сигурно ќе се обидеме“, вели Икарди во интервју за „Скај Италија“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top