Top Sport

Ибрахимовиќ во дефанзива: Сите му љубоморат на Мурињо

Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на својот поранешен тренер, Жозе Мурињо, оценувајќи дека тие кои го критикуваат се љубоморни и Португалецот мора да си продолжи да го прави тоа што тој мисли дека е исправно.

Ибрахимовиќ замина од Манчестер јунајтед во јануари, но уште се смета за „црвен ѓавол“, и сега вели дека нападите над Мурињо станале „лични“ и дека тој одговорил на начин на кој било најприкладно. Златан рабореше со Мурињо во Интер и во Јунајтед и е сигурен дека тој е вистинскиот човек за „Олд Трафорд“

„Сите го критикуваат Мурињо и мислам дека тоа нема врска со резултатите, туку поради неговиот карактер, поради тоа каков е Жозе. И јас се наоѓам во слична ситуација бидејќи двајцата имаме наша визија, наша самодоверба, веруваме во тоа што го правиме и затоа не обвинуваат. Кога не оди добро, веднаш доаѓаат критиките, но кога оди добро и победуваме, задоволството е поголемо отколк кај другите. Некои критики се лични, некои претеруваат, некои се поради љубомора. Мурињо ќе остане да си биде тој кој е и ќе продолжи“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Скај спортс“.

Златан зборуваше за уште еден поранешен „ѓавол“, Вејн Руни, кој ова лето дојде во Ди си јунајтед и го трансформираше тимот давајќи му шанса да влезе во американскиот МЛС плеј-оф.

„Тој го смени тимот и сега имаат добри резултати, и покажа дека уште е во одлична форма. Зарем треба да ви го опишувам Руни? Сите го знаат кој е и какви се неговите квалитети“, додава Ибрахимовиќ.

Scroll to Top