Top Sport

Икарди се договорил со Галатасарај

Мауро Икарди e подготвен да го напушти ПСЖ. Аргентинецот не се наоѓа во плановите на новиот тренер на „светците“. На почетокот на подготовките беше еден од осумте фудбалери кои клубот ги стави на трансфер лстата.

Икради најмногу се поврзуваше со клубови од Италија, меѓутоа тој кариерата ќе ја продолжи во Турција. Во оваа земја преодниот рок трае до 8.септември.

„Скај спорт Италија“, пренесува дека Икарди се договорил со Галатасарај.

Аргентинецот во Галатасарај ќе се пресели на позајмица до крајот на сезоната. Галатасарај има амбиции сезонава да ја врати шампионската титула. За таа цел клубот веќе ги ангажираже, Дрис Мертенс и Лукас Тореира.

Scroll to Top