Top Sport

Икарди се враќа и Лаутаро и Симеоне дебитанти во аргентинската репрезентација

Напаѓачите од италијанската Серија А, Лаутаро Мартинез и Џовани Симеоне се меѓу 20-те нови фудбалери во аргентинската репрезентација за пријателските мечеви против Гватемала и Колумбија, потврди Аргентинската фудбалска федерација (АФА).

Преодниот селектор, Лионел Скалони реши да направи освежување на тимот, повикувајќи само 9 од 23-те фудбалери кои настапија на СП во Русија за мечевите во септември.

Мартинез, кој дојде во Интер од Расинг оваа сезона и напаѓачот на Фиорентина, Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, се повикани покрај Пауло Дибала, Анхел Кореа и Кристијан Павон. Мауро Икарди, кој не беше повикан од претходниот селектор Хорхе Сампаоли за СП, се враќа, но не и Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро и Анхел ди Марија.

Од составот, секако, отсуствува и Лионел Меси, кој побара „пауза“ од националните обврски.

Помеѓу новите имиња се и Франко Мартинез, играчот од средниот ред на Севилја, како и Валтер Канеман од Гремио. Место има и за Сантијаго Аскасибар од Штутгарт и голманот на Реал Сосиедад, Херонимо Рули.

АРГЕНТИНА, НАЦИОНАЛНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Голмани: Франко Армани (Ривер), Херонимо Рули (Реал Сосиедад), Серхио Ромеро (Манчестер јунајтед).

Дефанзивци: Фабрисио Бустос (Индепендиенте), Габриел Меркадо (Севилја), Херман Пецела (Фиорентина), Рамиро Фунес Мори (Вилјареал), Алан Франко (Индепендиенте), Николас Таљафико (Ајакс), Валтер Канеман (Гремио), Леонел ди Пласидо (Ланус), Едуардо Салвио (Бенфика), Маркос Акуња (Спортинг Лисабон).

Среден ред: Леандро Паредес (Зенит), Сантијаго Аскасибар (Штутгарт), Родриго Батаља (Спортинг Лисабон), Гонзало Мартинез (Ривер), Џовани Ло Селсо (ПСЖ), Франко Серви (Бенфика), Макси Меза (Индепендиенте), Матијас Варгас (Велез), Франко Васкез (Севилја), Езекиел Паласиос (Ривер).

Напаѓачи: Анхел Кореа (Атлетико Мадрид), Лаутаро Мартинез (Интер), Мауро Икарди (Интер), Џовани Симеоне (Фиорентина), Кристијан Павон (Бока јуниорс), Пауло Дибала (Јувентус)

Scroll to Top