Според италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, агентот и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара поднела тужба против Интер со која бара отшета од 1.5 милиони евра и итно враќање на тренинзите со првиот тим.
Ова значи дека сега постои „отворена војна“ помеѓу фудбалот и клубот, иако денеска шефот Бепе Марота изјави дека се надева дека до понеделник ќе го продаде Аргентинецот. Проблемите започнаа во февруари, кога на Икарди му беше одземена капитенската лента (поради засега уште неразјаснети причини), по што по доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте му беше јасно порачано дека тој не е во неговите планови.
Интер се обидоа да го продадат на неколку клубови (меѓу кои и Наполи), меѓутоа Икарди и Нара бараа исклучителна продажба во Јувентус. Наполи и Монако се подготвени да платат 65 милиони евра со повисока плата за Икарди, но тој одбива воопшто да се сретне со претставниците на тие клубови.